март 17, 2024

17 март ден на основањето на Црвен крст и Денот на крводарителството

 
Денешниот ден,17 Март, го одбележуваме како ден на основање на Црвен крст на РСМ и ден на крводарителство во РСМ. Во Градски парк поставивме штандови со едукативно-промотивни материјали преку кои ги запознавме граѓаните со активностите на Црвен крст, можностите за волонтирање и добивање помош и поддршка.
 
Организиран беше и мал квиз за крводарителство преку кој го истакнавме значењето на овој хуман чин и поделивме промотивни материјали и подароци.
 
Во активноста се вклучија сите ООЦК на територија на град Скопје и ЦК на град Скопје, преку клубовите на млади.
< врати се назад