Значење на службата за барање
Жртви на војните не се само повредените, заболените, гладните, лицата кои останале без своите домови, туку и воените заробеници, интернирците, исчезнатите, раздвоените семејства, бегалците и прогонетите. Неизвесноста за нивната судбина многу тешко се поднесува.
Меѓународното хуманитарно право го предвидува правото на семејствата да бидат информирани за судбината за своите најблиски. Женевските Конвенции од 12 Август 1949 година и Дополнителните протоколи од 10 јуни 1977 година, утврдени се обврските на земјите потписнички да формираат Биро за известување-Служба за барање.
- Собира и прима податоци и документи за лицата за кои е надлежна, ги евидентира, класифицира и ги обработува податоците;
- Прима молби за барања или дава информации и превзема барања доколку самата не располага со бараните податоци;
- Го известува барателот за поднесената молба за барање;
- Прима и евидентира барања за потврди за време поминато во заробеништо или интернирство;
- Посредува во размената на семејните пораки;
- Посредува или организира спојување на членови на раздвоено семејство.
Доколку барањето не е во надлежност на Службата за барање, истото се упатува во други надлежни институции. Ако применото барање ги нема потребните податоци кои се бараат на образецот, истиот се враќа до барателот заради дополнување.
Молбите за барање или одговорите на барањата се прават на соодветни обрасци за таа намена, како што и семејните пораки и нивната размена се прават на специјални за таа намена изготвени формулари.
Сите податоци доставени до Службата за барање се користат исклучиво за решавање на барањето. Тие се третираат како строго доверливи и се соопштуваат на друго лице само ако барателот или бараното лице се согласни за тоа.
Услугите на Службата за барање се бесплатни.
За време на војна во државата или во врска со некој вооружен конликт во друга држава за:
- Воени заробеници;
- Цивилни интернирци;
- Лица уапсени подолго од две недели;
- Исчезнати лица и деца;
- Деца до 14 години евакуирани во друга земја или одвоени од родителите;
- Ранети, болни или умрени припадници на вооружени сили;
- Размена на семејни пораки и
- Спојување на раздвоени семејства.
- Жртви на елементарни или други несреќи;
- Евакуирани лица, бегалци или слични категории кои во поголем број ги напуштиле своите домови и се сместени на друго место;
- Лица кои се на привремена работа во странство, а го изгубиле контактот со своите семејства;
- Иселеници од разни причини;
- Сите други лица кои се наоѓаат во потреба да побараат помош во Службата за барање.
Внатрешната организација на Службата за барање во Црвениот крст на Република Македонија се состои од организациона мрежа која делува на сите нивоа на организирање.
Службата за барање во Црвениот крст на Република Македонија ја сочинуваат 34 општински и една градска организација на Црвен крст.
- Интересот на поединците
- Јавниот интерес
- Рационалност и ефикасност
- Прецизност
- Одговорност
Обврските на Службата за барање значи се обврска на државата. Организирањето на Службата за барање, Владата на Република Македонија ги доверила на Црвениот крст.
Барањето на настраданите и исчезнатите, прибирањето на информации за нив и помошта при спојувањето на раздвоените семејства е длабоко хуманитарна активност на Службата за барање.