јуни 24, 2021

ВОЛОНТЕРИТЕ ВО ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА

Треба многу да се работи со волонтерите. Да се работи на нивната мотивација и на зајакнување на нивните лични капацитети.
Постојат огромни разлики меѓу младите кои волонтираат и они кои заради некои причини не се вклучуваат во волонтерски активности. Првите се повеќе отворени кон промени, полесно им оди социјализацијата, полесно комуницираат, имаат подобри презентерски способности, учат од мали нозе да прават добри нешта во својата зедница и да негуваат алтруистички пристап. Тие ги прават промените во општеството и дејствуваат.
Ние, како организација, се трудиме да следиме модерни текови, да креираме програми за сите возрасти и да бидеме лесно достапни за сите-вели Александра Ристовски, координаторка на ПХВ програма која работи на полето на регрутација, мотивација и задржување на волонтерите во организацијата .
Горди сме на секој еден волонтер ❤
Се вложуваат себеси да ги усреќат другите - Нова Македонија
< врати се назад